Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро се појави во јавноста првпат по 14 месеци, објавија локалните медиуми.
Државниот весник Гранма пишува дека Кастро оваа недела се состанал со венецуелската делегација, која е повикана во посета на Куба.
Весникот на својот веб сајт објави и 4 фотографии од 88 годишниот Фидел Кастро, кој седи во автобус или комбе и се ракува со своите симпатизери преку прозорот на возилото.
Фотографиите го прикажуваат Кастро во сино-бело одело, со црна капа и со слушен апарат, пренесува АФП. Откако во 2006 година поради здравствени причини го напушти местото шеф на државата, Фидел Кастро ретко се појавуваше во јавноста.Тоа последен пат се случи на 8ми јануари 2014 година, кога присуствуваше на отворањето на галеријата на еден кубански уметник.
Кубанскиот весник наведува дека Кастро гордо го поздравил секој член на делегацијата, кои биле импресионирани од неговата луцидност и сознанијата за ситуацијата во Венецуела.
Фидел Кастро во 2006 година, на местото претседател го замени неговиот брат Раул Кастро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.