Неочекуваното доаѓање на зимата во пролет им донесе на Полјаците, Чесите и Словаците климатски аномалии па на нивниот Велигден е постудено од Божик, а велигденските празници масовно ги поминуваат одејќи на скијање, објави Радио Слободна Европа.
Велигденската сабота, која денеска ја одбележуваат милиони верници според Грегоријанскиот календар, во многу области на Полска ,
Чешка и Словачка осамна буквално бела поради снегот и мразот.
Многу Полјаци како и Чеси и Словаци го користат продолжениот велигденски викенд за последно скијање во оваа сезона, а условите на ски стазите се дури и подобри од оние во јануари, велат некои чешки скијачи.
Во некои зимски центри во Чешка снегот изнесува 80 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.