| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Петриќ со нова повреда

Ракометарот на РК Вардар Владимир Бели Петриќ дефинитивно нема да може да им помогне на своите соиграчи до крајот на сезоната.
Тој по тешката повреда која ја доживеа на почетокот на сезоната се врати во тренажен процес се очекуваше десниот бек да биде од голема помош на тимот. Сепак популарниот Бели заработил нова поврада на утринскиот тренинг и по се изгледа за него сезоната е завршена. Со оглед на годините кои ги има (40) најверојатно Петриќ ќе ја заврши кариерата.
Во составот на Вардар на истата позиција играат и Алекс Дујшебаев кој игра одлична сезона за црвено-црните и Стефан Терзиќ кој не доби голема шанса во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top