| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал до декласираше Ливерпул (видео)

Екипата на Ливерпул не е дораснат противник на големите тимови во Англија оваа сезона. По поразот од Манчестер Јунајтед во претходното коло, избраниците на Брендон Роџерс денеска беа убедливо совладани во уште еден дерби натпревар против Арсенал во Лондон со 4-1.

Arsenal v Liverpool

Црвените добро го започнаа натпреварот создавајќи неколку шанси за гол, но без конретна реализација што е најголем проблем за тимот од Ливерпул.
Марковиќ и Стрелинг не успеаја да реализираат зицери пред самиот гол на Арсенал за потоа дојде казната и за само 10 минути примат три гола. Тоа се случи пред крајот на првиот дел кога најпрвин Белерин го отвори резултатот, а потоа Озил и Алексис Санчез со прекрасни погодоци зголемија на 3-0.
Во вториот дел Жиру не испеа да искористи чиста шанса, но до крајот на натпреварот сепак успеа да се запише во листата на стрелци со гол во судиското продолжение.
Едниствениот гол за Ливерпул го постигна Хендерсон со удар од белата точка во 76 минута.
Со овој пораз Ливерпул ги загуби сите шанси за четвртото место на табелата кое води во квалфикациите за Лигата на шампионите.


Arsenal vs Liverpool 4-1 All Goals & Highlights… by EarthSavi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top