| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарката Клара Боева во друштво на Дејвид Бекам

721FA1E04D43064893E7298B4DA0D947

Нашата ексракометна репрезентативка и еден од најдобрите бекови во женската ракометна историја, Клара Боева, деновиве успеа да го оствари својот сон. Ракометарката, која повеќе пати имаше изјавено дека токму фудбалерот Дејвид Бекам е нејзиниот миленик кога спортистите се во прашање, деновиве имаше можност да се запознае со фудбалерската ѕвезда.
Таа и Бекам се сретнале во Берлин, во рамките на една модна кампања која ја организирал модниот бренд Х&М, чие заштитно лице е токму тој. Ракометарката имала можност да се фотографира со славниот фудбалер, да размени искуства, поразговарала со него, а успеала да ќари и подарок.

Пресреќна сум. Чувството да си во друштво на еден од најпознатите фудбалери во светот е непроценливо. Добив и автограм, како и капа потпишана од него. Ова е неверојатноо, вели Боева и додава дека и годи што имала можност да го запознае Бекам.

Инаку, Боева моментално живее во Германија, а ракометот, за жал, веќе е зад неа. Најголемите успеси таа ги направи со тимот на Кометал ЃП, кога во 2002 година беа европски прваци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top