Иран ќе го почитува рамковниот договор за нуклеарната програма со светските сили, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани. Тој го поздрави „историскиот договор“.
– Ако ветивме, ќе преземеме чекори засновани на тоа ветување. Секако, тоа зависи од и тоа дали и другата страна ќе преземе чекори врз тоа ветување, нагласи Рохани.
Пробниот договор за клучните параметри од договорот за иранската нуклеарна програма беше постигнат во четвртокот по осум дена преговори во Швајцарија. Тоа отвори пат за решавање на спорот меѓу Западот и Техеран и постигнување сеопфатен договор до 30 јуни.
Во обраќањето преку телевизија, Рохани рече дека светските сили сега прифатиле дека Иран може да врши збогатување на ураниум на своја територија. Рамковниот договор постигнат во Лозана го поздравија денеска Германија и Франција, иако шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер рече дека „нема гаранции“ дека документот на крајот ќе биде успешен. ОН воведоа четири пакети санкции поради нуклеарните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.