| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА одржа централен митинг

тачи

Во средините каде што живеат Албанци, голема е волјата да се гласа за кандидатите за градоначалници од ДПА, а со тоа да се казни владата на Груевски и на Ахмети, рече претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниов централен митинг во Тетово.

– Ние од ДУИ се разликуваме. Тие во политиката во Македонија влегоа преку насилство и ништо не направија за Албанците. Да ги запрашаме владините министри од ДУИ каде е индустриската зона и театарот кои требаа да се изградат во Тетово, зошто не дадоа ниту денар за изградба на новиот водовод – рече Тачи, кој порача дека победата на ДПА на локални избори ќе значи подобар живот за Албанците.

– Албанците вечерва дадоа вистински одговор за лошото владеење на ДУИ. Албанците на 24 март ќе гласаат меѓу вистината и лагата. Тие од ДУИ немаат ништо инвестрано за Албанците. Ние преку гласови мора постепено да ја промениме власта, а потоа проблемите на Албанците ќе се решаваат така како што е предвидено во нашата програма. Парламентот да биде дводомен, да има правилна распределба на буџетот, а не со народни пари да се градат беспотребни споменици. Јас не сум безгрешен и јас сум бил во тесно, но никогаш излезот не сум го барал во предаство – рече Тачи.

Кандидатот  за градоначаланик на Тетово, Сади Беџети, истакна дека, и покрај тоа што Тетово како град во изминатиов четиригодишен период, бил игнориран од власта, тој успеал проектот нов водовод речиси целосно да го реализира и да инвестира во инфраструктурата исклучиво со општински пари.

– Мрачните лица во секој момент размислуваат како да му наштетат на Тетово. Тие од Владата не дадоа пари за водоводот, но напролет овој проект целосно ќе биде реализиран. Ќе ги реконструираме улиците во градот. Ние имаме визија за Тетово, а таа произлегува од барањата на тетовци. Челниците од ДУИ за Тетово се интересираат само пред избори. Затоа на 24 март ве повикиувам да гласате за доброто на Тетово, затоа што ние сме поинакви и со бел образ – рече Беџети.

На вечерашниов митинг на ДПА се обратија и сите кандитати за градоначалници од ДПА за престојните локални избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top