Модерна подземна сообраќајница покрај Вардар, ски патека на Водно, крстосници на две нивоа. Со овие адути, градоначалникот на Скопје Трајановски очекува дека ќе се избори за втор мандат во првиот круг гласање на 24 март.
Во интервју за „Дојче веле“ на прашањето: „Има ли градот доволно финансиски ресурси за нивна реализација, или пак ќе бидат потребни средства од дополнителни извори?“, Трајановски вели:
-Подземната сообраќајница е мојот сон. Тоа е најголемиот проект што ќе биде реализиран после земјотресот од 1963. Според проектот на шпанската компанија „Идон“ треба да чини околу 40 до 45 милиони евра. Планираните крстосници и кружни текови на две нивоа ја подигнаа првичната цена од околу 35 милиони евра. Со оглед дека станува збор за големи пари за градот Скопје, со Владата потпишавме меморандум со кој две третини од проектот ќе ги финансираа Владата, а останатиот дел градот Скопје. Со оглед дека капиталните инвестиции се’ уште се под Владата на РМ и не се децентрализирани, јас би искажал голема благодарност до Владата и лично до Премиерот за поддршката на проектите кои што се од клучно значење на Скопје. Луна паркот и ски центарот ќе се реализираат по принципот на јавно приватно партнерство. За двата проекта имаме изготвено студии. За Луна паркот очекуваме наскоро да најдеме партнер, додека за ски патеката тендерот е во тек. Голема предност е што имаме жичница, а станува збор за сличен проект како во Загреб со разлика што кај нас патеката е на северна страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.