| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција на ЕЛЕМ: Нема колапс на производството на електрична енергија

elem-01

АД ЕЛЕМ реагира на прес-конференцијата на СДСМ, каде пратеничката Весна Бендевска презентираше документи според кои директорот на „Рудници“ Спиро Мавровски, признал дека има акутен недостиг на јаглен за нормално работење.

-АД ЕЛЕМ во континуитет ја следи состојбата во електроенергетскиот систем. Компанијата редовно на дневна основа известуваше за состојбата и како што веќе беше наведено во информациите, а во интерес на вистината ќе повториме дека одронот на земјиштето во рудникот Суводол на кој повторно се повикува г-ѓа Весна Бендевска  се случи поради вонредно обилните врнежи од дожд во реонот на РЕК Битола, за што впрочем и се зборува во извештајот на г-динот Спире Мавровски. Доколку кризата беше во размери за кои зборува Бендевска, тогаш електро – енергетскиот систем веќе ќе беше колабиран, а граѓаните на Република Македонија ќе се соочеа со недостиг од електрична енергија – велат од ЕЛЕМ во писмено соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top