| четврток, 6 декември 2018 |

Кралско трошење пари, Реал плати 90 милиони евра за десни бекови

Реал Мадрид е, веројатно, најголемиот потрошувач на фудбалскиот пазар, а фрапантен е податокот за потрошените 90,8 милиони евра во последните 15 години за ангажман на седум играчи што играат на позицијата десен бек. Последен во низата е Данило Силва од Порто, чијшто трансфер веќе е договорен со Порто за 31,5 милиони евра.

Пред него имаше уште шестмина во ерата на Флорентино Перез, а прв стаса Серхио Рамос од Севилја за 27 милиони евра. Тој сѐ уште игра за Реал Мадрид и е еден од најдобрите во составот, иако се префрли на позицијата стопер. Во низата десни бекови потоа се наредија Диого, Сисињо, Арбелоа, Фабињо и Карвахал, кој сега е главна опција на „кралевите“ на позицијата десен бек. Сите заедно при пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“ чинеа 90,8 милиони евра.

serhio ramos

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top