На интернет кружат брошури за идните борци на Исламската држава, кои се како препораки за авантуристичко патување, укажува виенскиот весник „Пресе“, во кој, меѓу другото, се вели дека на странците им препорачуваат да спакуваат и исправен адаптер за струја, пренесува „Танјуг“.
Штитниците за колена се важни, вреќи за спиење, исто така, сето тоа стои во брошурата на англиски јазик преку која Исламската држава дава совети на идните борци за патување во Сирија.
– Некои доаѓаат така неподготвени, што е едноставно лудо – се наведува во документот под име Хиндшра до Исламската држава, кој е наречен според патот на Мухамед од Мека до Медина во 622 година, што претставува почеток на исламското сметање на времето.
Според информациите на израелскиот центар за борба против тероризмот и информации ITIC брошурата прв пат се појавила во февруари, а обидите на западните власти да го спречат пристапот до екстремистичкиот терористички водач. Биле неуспешни, пренесува „Пресе“.
На новите борци се даваат совети да патуваат преку Турција, со малку багаж, тврдејќи дека се туристи.
На поддржувачите на Исламската држава кои сакаат да се приклучат на борците, исклучително се советува при патувањето да се облечат комотно, за да не привлечат внимание.
Патувањето до Истанбул до пограничната територија како што стои во брошурата, треба да се изврши ноќе, со меѓународни автобуси.
Во посебен дел на водачот за жените поддржувачи на Исламската држава се истакнува да избегнуваат патување во поголеми групи и со себе да носат резервна марама, која можат да ја користат ако во случај на граница им се искине облеката од бодликава жица.
Турција која е на удар од западот, во меѓувреме ги засили безбедносните мерки на своите граници.
Тој факт го наведоа авторите во водичот кој е напишан на 50 страници наведувајќи дека станало сѐ потешко на турската граница, како и совет дека борците не треба повеќе на своја рака да се обидуваат да ја поминуваат границата, туку од Турција преку „Твитер“ да стапат во контакт со претставниците на Исламската држава.
Во брошурата се наведени повеќе контакти на Твитер за овие цели. Брошурата на исламската држава се чита како една препорака за патување на авантуристички одмор.
Така борците треба да внимаваат со себе да понесат исправен адаптер за струја, штитници за колена и лактови, бидејќи во текот на обуката и во борбите мора многу да ползат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Џихадистите убиле руски генерал во Сирија
-
Антитерористичка анализа: ИСИС наскоро ќе стане Ал Каеда на стероиди, а единствено бара жени и секс (видео)
-
Добредојдовте во Скопје на Европскиот Суперкуп, УЕФА го промовираше водичот за навивачите