По ЦЕРН и моќниот американски акцелератор почна да трага по „Божјата честичка“. Како што се чини, станува збор за трка за за контрола на огромна енергија, меѓутоа неколку професори предупредуваат дека експериментите можат да бидат катаклизмични.
Научници и правни стручњаци изразуваат загриженост дека амбициозниот експеримент во вториот по големина акцелератор на честички (по ЦЕРН) дека може случајно да ја уништи Земјата! Истата загриженост ја имаат и за новите експерименти, кои наскоро ќе почнат да се вршат во ЦЕРН.
Акцелераторот на честички РХИЦ се наоѓа во близина на Њујорк. Има капацитет да произведе честици потопли од 4 трилиони Целзиусови степени, а сега е под лупа затоа што стручњаците предупредиле дека може да генерира црни микродупки и неидентификувана материја!
Токму овој амбициозен проект на Националната лабораторија може случајно да ја уништи планетата Земја, велат научници за британски „Дејли меил“. Додека експериментот може да помогне за да се добијат одговори по прашања за тоа тоа како почнал животот на Земјата, критичарите, предупредуваат дека субатомските честички викани „strangelets“ можат да бидат созадени случајно. Овие честички имаат потенцијал да поттикнат верижна реакција и се во природата да се промени во „чудна материја“, за која научникот Мартин Рис вели дека може да ја трансформира планетата Земја во „инертна хиперсфера широка неколку стотини метри“.
РХИЦ наскоро ќе добие огромна надградба со што ќе ја зголеми својата моќ, по што експериментот би можел да отиде во непознат правец. Со доградбата, ќе биде во состојба да генерира колизија 20 пати посилна откога бил изграден првично. Тоа експертите ги навеедува на прашање дали треба да се извршат повеќе темелни процени на ризик за да не создаде катастрофа во толкави размери за може да го уништи животот на Земјата.
Слична загриженост имаше кога ЦЕРН почна со потрагата по „Божјата честичка“ иако е малку веројатно дека акцелератор честичка може да креира стабилни црни дупки. Дури и да е така, никој не потврдил на кој начин би можеле да ја уништат планетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.