Два литри вода најмалку е доволно за вашиот организам. Мит или вистина? Докторите од универзитетот од Пенсилванија ги испитале здравствените предности на пиењето два литри вода дневно и не откриле научни докази дека тоа води до зголемена детоксикација, поздрава кожа или намалување на тежината.
Всушност, потребното количество на вода е различно кај различни личности и во различни денови, па затоа за да проверите дали пиете доволно вода на ден обрнете повеќе внимание во тоалетот. Доколку вашата урина е потемна од бојата на блед лимон тогаш ви треба повеќе вода, доколу е посветла потребно ви е помалку вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.