| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумска трка: Натпреварувај се на патека, не на патишта!

20150402_140518

Камерманот Дејан Станчевски од „Република“ победи на првата медиумска трка, која денеска се одржа во „Арт картинг“ пред салата „Борис Трајковски“. Станчевски оствари најдобро време од 49,1 секунди, а зад него со 49,3 секунди заврши фотографот Дими од „Кајгана“.

Медиумската трка, на која учествуваа повеќе претставници од различни медиуми, е со цел подигнување на свеста за  безбедност во сообраќајот. „Арт картинг“ центарот сака да испрати порака дека љубителите на адреналинот можат да уживаат на патека со највисоки норми за безбедност и да ги избегнат ризиците по својот и туѓи животи тоа да го прават на сообраќајниците низ градот.

20150402_133303

Оваа активност се реализира под слоганот: „Натпреварувај се на патека, не на патишта“.

Сето ова е дел од основната годинашна кампања на „Арт картинг центар“, која е во духот на новиот слоган на центарот „Натпреварувај се на патека, а не на патишта“. Со ова на секој учесник во сообраќајот му ги нудиме картинг-услугите како единствена можност да ги подобри своите техники и умеења за управување возило со што и директно влијае на својата безбедност и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот – изјави Константин Ангеловски, сопственик на картинг-центарот.

20150402_140643

 

Следејќи ги светските стандарди за работа на картинг-центрите, во новата сезона центарот го менува изнајмувањето на картинзите, кое сега ќе биде по минути наспроти досегашната методологија на работа по кругови. Тим-билдинг пакетите се со проширени можности да бидат реализирани само на картингот, само во кафетеријата или заедно.

Центар првпат ги нуди и коорпоративни картинг-активности стандардизирани по часови, базирани на законот за работни односи, кој по ново посебно ги обврзува компаниите со над 40 вработени на реализација на одредени часови спортска активност за вработените. Овдека картинг центарот предничи пред останатите спортски центри со својот капаците од 60 вработени на час, каде со цената за изнајмување на картинг патеката по час представува нај економичен начин за рализација на спортските активности.

20150402_133849

Центарот, исто така, организира роденденски забави за млади или возрасни, а од оваа сезона новитети има и во Академијата за картинг, каде што ќе се реализираат две групи, едната за почетници од 7 до 10 години и другата напредна, од 10 до 14 години.

И оваа година ќе важат специјалните цени за основците и средношколци, кои ќе треба само да се регистрираат под свое име и името на своето училиште, со што ќе ги користат бенифитите, а едновремено ќе учествуваат во шампионатот на Македонија во картинг за основни и за средни училишта.

20150402_131643

Патеката освен што е подолга ќе биде и потешка што едновремено ќе претставува и поголем предизвик за возачите.

И, конечно, аматерскиот шампионат, кој е традиционален, но оваа година со различна концепција, поделен на пролетен и есенски. Пролетниот шампионат ќе трае од отворањето на 4 април до 15 јуни со завршен финален натпревар, кој за разлика од другите години ќе биде реализиран во два сегмента, односно картинг со класичните натпревари во квалификационите неделни натпревари во постигнување на нај добро време на патеката кое ќе заврши со трка на најдобрите но и со натпревар во нај интересни слики и видеа од секој учесник за кои ќе се гласа на „Фејсбук“.

20150402_133231

Сликите и видеата може да бидат од мобилни телефони или „гопро“ камери за што како картинзите така и кацигите ја имаат на себе потребната опрема за зацврстување. Истата методологија ќе биде реализирана и во есенскиот шапионат, кој ќе биде од 1 септември. Интересни се наградите што предвидуваат покрај одреден број бесплатни минути за најдобрите во квалификационите натпревари „гопро“ камера за најдобриот во пролетниот и есенскиот дел.

„Арт картинг центарот“ постои и работи од 2011 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top