| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи уште во првиот круг

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори исто како и во 2009-тата ќе победи уште во првиот круг – порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба на вечерашниот митинг. Тони Трајковски напомена дека се реализирани голем број проекти предвидени во предизборната Програма за минатите локални избори, а како што рече реализирани се и голем број проекти  кои не биле предвидени.

– На локалните избори во 2009-тата нашето мото беше „Заедно можеме повеќе“ што и на дело го покажавме во соработка со владата и со претседателот на Владата на република Македонија, Никола Груевски и во соработка со градот Скопје и градоначалникот на град скопје Коце Трајановски, напомена тој.

Патна инфраструктура во должина од 60 км, дел со нов асфалтен слој, а дел со санација со гребен асфалт и тампонирање, фекална канализација во должина од 50 км, нови површини за паркирање за 1 000 возила, 5 700 улични светла се заменети со нови економични сијалици , изградени се 31 детско игралиште, два фудбалски терени,  11 мултифункционални спортски терени.  Исчистена е каналска мрежа во должина од 50 км, организирано се собира комуналниот смет, реконструкцијата на неколку градинки во висина 300 000 евра, промена на системот за греење во 4 училишта, санацијата и реконструкцијата на сите основни училишта и спортски сали, во заврш фаза е и нов објект шелтер центар за жртви на семејно нас, ово соработка со ЕЛЕМ обезбедено е парно греење со пониски цени.

Ова се само дел од реализираните проекти што Трајковски ги наброја пред граѓаните.

Тој рече дека заедничка визија е создавање на општина со европски лик, општина во која ќе се изградат нови фабрики и ќе се отворат нови работни места.

Изградба на восдоснабдувачки и канализациони системи, патна инфраструктура, гасификација на општината, проширување на мрежата на парно греење на Енергетика, изградба на три основни училишта, изградба на детска градинка во Стајковци, изградба на две училишни спортски сали, нова зграда на општинската администрација,изградба на индустриски зони Инџиково и Стајковци, изградба на надпатници на бул.„ Александар Македонски“, поддршка на земјоделците и земјоделските здрженија, развој на  еко – туризам на дел од Скопска Црна Гора.

Ова се дел од проектите што Трајковски ги презентираше вечерва пред граѓаните како дел од предизборната програма 2013-2017, со која тој ја побара довербата од жителите на оваа скопска општина.

За крај Трајковски рече дека тимот на ВМРО-ДПМНЕ е  победничкиот тим, тим кој во континуитет покажува резултати и покажува дела и дека токму затоа тој тим на престојните локални избори ќе извојува победа уште во првиот круг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top