Турската полиција продолжи изутринава со рации против осомничени припадници на ултралевичарски групи во Истанбул, при што упаси најмалку десет лица.
Вo рацијата во Окмејданија се уапсени најмалку десет лица откако полицијата ги испратила своите припадници во оклопни возила во тој азиски дел на Истанбул.
Рациите во Истанбул и во Анталија вчера и изутринава почнаа два дена откако беше киднапиран обвинител од својата истанбулска канцеларија, кој подоцна почина од повредите, што ги доби во една од најтешките заложнички кризи во Турција. За нападот беа обвинети припадници на ултралевичарската групација Револуцинерната народна ослободителна партија – Фронт.
Двајца екстремисти вчера се обидоа да извршат упад во седиштето на полицијата во Истанбул и откако полицијата отвори оган, убиена е жена- напаѓач, која била вооружена со бомби и пиштол, а уапсен е и нејзиниот ранет соучесник.
Турските медиуми јавија дека убиената Елиф Султан Калсен (28) е познат припадник на Револуцинерната народна ослободителна партија – Фронт. Оваа организација е обвинета за серија напади во Турција изминатите неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.