По Идрис Елба, во трка за новиот агент 007 би можела да се вклучи и актерката Розамунд Пајк.
Британскиот политичар Ед Милибанд од партијата на лаубуристите изјави дека е крајно време Бонд во 21 век да стане женско.
– Пајк е феноменална актерка која може да го одглуми тајниот агент 007 – изјави тој.
Кога новинарите ја прашале Пајк за коментар, таа изјавила дека би била почестена ако го толкува овој лик. Таа во 2002 година го толкуваше ликот на девојката на Бонд, Миранда Фрост, во филмот „Умри друг ден“.
Меѓу кандидатите за наследник на Бонд е и актерот Елба (42), за кој Роџер Мур изјави дека не е проблем што е црномурен, туку проблемот е што не е доволно британски џентлмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



