| четврток, 6 декември 2018 |

Славчо Чадиев: Велес заслужува нови победи

g_slavcocadievforweb

Кандидатот за градоначалник на Велес од коалицијата За подобра Македонија и ВМРО ДПМНЕ, Славчо Чадиев денеска ја побара поддршката од велешани, за како што рече, со дела за нова победа за градот и за Македонија.

-Оние дела што заедно сме ги направиле и оние дела што ќе продолжиме да ги правиме во иднина ќе останат да се прикажуваат за идните генерации. Тоа му го должиме на нашиот град. Велес е град со револуционерно минато, дом на македонскиот бит. Велес е град – победник. Велес заслужува нови победи, рече Чадиев.

Тој довербата да го води градот во наредните 4 години заедно со советничката листа на ВМРО ДПМНЕ ја побара и за проектите како што се нова индустриска зона во Караслари, за довршување на изградбата на театарот, реконструкцијата на гимназијата и другите училишта во градот, за туристичкиот локалитет езеро Младост, за нов сообракајен режим и изградба на кружни текови, за реконструкција на градскиот стадион и изградба на нови спортски игралишта, за изградба на затворен пазар и трговски центар, за поплочување и изградба на нови улици, за реконструкција на локалните патишта.

-Да дадеме поддршка за делата за нов напредок, дела за подобар и поубав Велес затоа што Велес се сака со дела, Македонија се сака со дела, рече Чадиев.

Тој ги покани велешани на завршниот митинг што утревечер коалицијата За подобра Македонија и ВМРО ДПМНЕ ќе го одржат во Велес, на улицата Благој Ѓорев, пред влезот на новата црква и гимназијата со почеток во 18 часот. На митингот ќе бидат преставени кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев и листата со советници предводена од Александар Колев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top