Дванаесет авиони со патници од Швајцарија за време на викендот ќе слетаат на Аеродромот во Охрид, а најголем број од нив се чартер летови, објави А1 он, повикувајќи се на извори од ТАВ Македонија.
Во сабота, на ден пред гласањето за првиот круг на локалните избори, од Цирих во Охрид ќе слетаат два чартер авиони на авио превозникот „Хелветик Ервејс“, додека од Базел во Охрид ќе слетаат четири чартери на авио превозниците „Аир Букурешт“ и „Ентер аир“. Поголемиот дел од патниците, пак, ќе пристигнат и во недела.
Од Цирих во Охрид ќе слетаат 4 авиони, и тоа еден редовен кој сообраќа на оваа релација и три чартер авиони на авио превозникот„ Хелветик Ервејс“, а од Базел, исто така до Охрид, е дестинацијата и на два чартер летови на „Ентер аир“.
Овие чартер авионски линии се поврзуваат со најавите на албанските политички партии дека голем дел од дијаспората ќе пристигне во Македонија организирано за да гласа на локалните избори во недела во Струга и во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.