Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, во домовите на културата во н.м. Ајватовци и н.м. Мршевци оствари средби со членовите на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“, од овие населени места.
Членовите на Сојузот го информираа градоначалникот Стојановски за тековните активности, а тој пак, им се заблагодари за успешно извршените акции за спречување на пожари и зачувување на животната средина.
Општинскиот противпожарен сојуз на Илинден е формиран во 2008 година и оттогаш спровел низа активности во рамките на едукацијата на граѓаните за заштита од пожари, како и акции за едукација на најмладите преку низа обуки и показни вежби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.