| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Паркер: Не ни знаев дека го играм 1.000 меч

Францускиот кошаркар Тони Паркер влезе во историјата на НБА лигата со тоа што го одигра својот 1000 меч во кариерата за тимот на Сан Антонио.
Во синоќешната победа над Мајами тој истотака оствари и рекордна 718 победа.

– Кога ќе погледнете низ историјата на НБА лигата и сите тие имиња кои играле, вистина е дека мојот успех е импресивен – изјави Паркер.

Тој напомена дека не ни знаел пред натпреварот со Мајами дека ќе го одигра јубилејниот натпревар.

– Да бидам искрен, не ни знаев. Пријателите ми кажаа и цел ден примав пораки – додаде легендарниот француски кошаркар.

Паркер со Сан Антонио освои четири шампионски прстени.

– Уште додека бев на почетоците, сонував да играм во НБА. Имам четири титули. Имам среќа да настапувам за одличен тим – заврши Тони Паркер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top