| четврток, 6 декември 2018 |

Четири жртви и голема материјална штета од бурата „Никлас“ во Германија

Најмалку четворица загинати и повеќе повредени откако бурата „Никлас“ ја зафати Германија, предизвикувајќи хаос во сообраќајот, голема материјална штета и оставајќи илјадници луѓе без електрична енергија.

Во градот Монтбауер во Рајнланд­Пфлац вчера животот го загубија двајца комунални работници, откако врз нивното возило падна дрво, во Саксонија­ Анхалт едно лице загина откако врз него се урна бетонски ѕид, а во Баварија една жена загина, откако врз нејзиното возило паднале две дрва.

Германската железница се очекува до Велигден да сообраќа по планот, јавуваат германските медиуми. Според метеоролозите „Никлас“ се движел од запад кон исток со брзина на ветерот од 192 километри, додека неговата сила почнала да ослабнува во текот на ноќта.

Во северниот дел на Германија може да се очекува и денеска невреме. Германската железница соопшти дека се уште се влокирани линиите Хановер­Бремен, Волфсбург­Хановер и Минхен­Розенхајм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top