| четврток, 6 декември 2018 |

Герт Аренс ги сослуша СДСМ, а ќе одговори в понеделник

1B51AAAA97D2CC42BB7EB0974960E794

Опозицискиот СДСМ  му ги презентираше на шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР Герт Аренс сите податоци и докази со кои располагаат  околу фиктивни гласачи и други нерегуларности во  предизборниот период. Опозицијата најмногу е загрижена за Избирачкиот список затоа што се појавуваат имиња за кои сметаат дека лица кои дополнително добивале државјанства или престојувалишта.

-Беа споменати злоупотребите на буџетските средства во предизборна кампања, предизборните вработувања кои се правеа спротивно на Законот, предвремено почнување на предизборната кампања и она што значи нерегуларности околу водењето на избирачкиот список и појавување на лица кои досега не фигурирале. Ние во 2011 имавме список кој беше нуден и требаше да биде прочистен. Наместо прочистување сега се соочивме со ситуација, во споредба со списокот од 2011 и списокот според кој треба да се спроведат изборите сега, имаме зголемување на бројот, изјави Рената Дескоска Тренеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top