| четврток, 6 декември 2018 |

Крива Паланка доби нова спортска сала

sala-1-500

Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски присуствуваа на отворање на спортска сала Петар Поп Арсов во Крива Паланка.

Градоначалникот Алексовски изрази задоволство што токму за време на неговиот мандат е изградена оваа спортска сала.

– Сите градоначалници досега ветуваа дека ќе изградат спортска сала во Крива Паланка, но вистината е дека спортската сала е изградена токму во моментот кога јас сум градоначалник и тоа е моја гордост, рече тој.

Алексовски во изјава за медиумите накратко се осврна и на поважните проекти од неговата Програма кои ќе ги реализира доколку на претсојните локални избори ја добие довербата од граѓаните.

– Ако ја добијам довербата од граѓаните основна работа на која ќе обрнеме внимание тоа е да се раздвижи економијата во Крива Паланка. Крива Паланка беше град во кој имаше најмалку невработени луѓе. Работеше Карпош, Бентомак, Тораница, Килимара, Треска. Сите тие фирми се затворени во она време на транзицијата на СДСМ, нема една фирма која е затворена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, тоа граѓаните треба да го знаат и да го почитуваат. Еве сега се рестартира кланицата. Значи кланичниот дел на Кланицата ќе биде завршен до крајот на месец мај. Се вцртуваат уште две маркици, ќе се изгради погон за месо, погон за преработка на овошје и зеленчук и тука сметаме дека ќе има 80 до 100 вработувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top