| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува износот на субвенциите за енергенси за ранливите категории

спасов2

Зголемување на износот за субвенционирање на  потрошената електрична енергија и други енергенси за затоплување за примателите на социјална помош, најави министерот Диме Спасов при денешната посета на Јегуновце.

Според Спасов, овој проект за подршка на семјствата што добиваат социјална помош започна во 2010 година како одговор од Владата на економските проблеми предизвикани од светската економска криза и европската должничка криза со што околу 10 илјади семјества почнале да добиваат по 600 денари за оваа намена додека од 2012 година ова сума била зголемена на 700 денари месечно за семејство. Согласно планот на Владата и дадените ветувања, додаде министерот Спасов, овој надоместок од средината на годината се зголемува за дополнителни 100 денари.

– Се зголемува истиот надоместок на 800 денари почнувајќи од јули оваа година. За реализација на овој проект обезбедени се средства во износ од 81 милион денари што е значителна и дополнителна парична помош за примателите на социјална парична помош и дополнителн подршка од државата за надминување на предизвиците со кои што се соочуваат – изјави Спасов.

Во однос на тоа дали Министерството за труд и социјална политика има доволно средства за покривање на најавеното зголемување на социјалната помош за 10 наместо како што беше планирано за 5 проценти, министерот Спасов рече дека оваа разлика ќе биде надоместена од внатрешната заштеда во Министерството на годишно ниво со екектронската исплата на средствата до корисниците со што се намалуваат поштенските и други трошоци како и со примената на системот за заштита од злоупотреби на социјалната помош.

Спасов најави и продолжување на мерките за бесплатно бањско климатско лекување и бесплатни викенди за пензионерите што досега го искористиле околу 27.430 пензионери.

– За оваа година планирано е на бесплатно бањско климатско лекување да се испратат околу 5.500 додека на бесплатен викен околу 3500 пензионери. Покрај лицата со пониски пензии како критериум годинава ќе се зема предвид и бодувањето односно овие мерки да ги користат лицата со инвалидност и пензионираните рудари што работле во подземен ископ – рече Спасов.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top