| четврток, 6 декември 2018 |

Русија планира над 9,4 милијарди долари за наоѓалишта за енергенти

rudna rudnik polskaРусија планира да издвои најмалку 320 милијарди рубљи (9,4 милијарди долари) до 2020 година за геолошки и истражувања на минерални ресурси, соопшти рускиот премиер Дмитриј Медведев.

– Лани за геолошки истражувања од буџетот се издвоени над 32 милијарди рубљи. Годинава за таа цел се планира да се одделат 35 милијарди рубљи. Тоа се многу значајни средства и ги насочуваме во истражување на перспективни региони, каде шансите за откривање на големи и значајни наоѓалишта се најголеми – укажа Медведев на владината седница.

Годишниот раст на истражуваните наоѓалишта од 2005 година го надминува нивото на нивно производство, но целта е и другите природни ресурси да достигнат слични показатели, додаде Медведев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top