| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонските сепаратисти составија „патна карта“ за независност од Шпанија

Каталонските сепаратисти составија „патна карта“ за независност од Шпанија, јави ДПА.

Договорот за патната карта беше потпишан од партијата Демократска конвергенција на регионалниот претседател на Каталонија Артур Мас и уште четири партии.

Според овој договор, ако сепаратистите победат на регионалните избори на 27 септември, Каталонија треба да прогласи независност по 18 месеци.

Така, регионалните избори ќе се претворат во референдум. Ако победат, сепаратистите веднаш ќе почнат да подготвуваат проект за каталонски устав.

Регионалните власти на Каталонија направија обид за распишување референдум за независност во ноември минатата година, но шпанскиот Уставен суд го прогласи за незаконски. Сепак, беше одржан неофицијален референдум на 9 ноември.

Шпанската национална влада претходно изјави дека нема да дозволи Каталонија да стане независна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top