| четврток, 6 декември 2018 |

И по ова, актерката не признава дека е анорексична (ФОТО)

87885_tara-profimedia0234813481_630x0

Актерката Тара Рид и натаму упорно одбива да признае дека има проблеми со исхраната и дека одамна се мачи со анорексија. Последните фотографии од плажа во Мајами од 39-годишната Рид уште еднаш ја вознемирија јавноста.

Јас сум само ситна девојка. Јас јадам и јадам и јадам. Некои луѓе добиваат премногу критики дека се дебели, а јас сум тоа што сум. Ако сакате да ме обвините дека сум преслаба, само напред, јас сум јас – изјави таа лани.

 

Проблемите со храната на Рид почнаа пред неколку години, по една липосукција, кога нагло почна да губи килограми. Таа неколку пати шокираше со преслабиот изглед, отпуштената кожа и изгледот на костур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top