Американскиот професионален сноубордер Мајк Басич го живее својот сон далеку од урбаната џунгла. Со огромна слава и многу стотици освоени парични награди, со свои раце и од природен материјал го изградил својот дом. Не, тоа не се неброени квадратни метри бетон. Тоа се неверојатни 20 квадратми метри интима вклопена во средината на 40 акри планинска природа покриена со снег во Калифорнија.
Тој за еден документарен видеосеријал раскажува како е да се биде блиску до природата и како стигнал до повеќето креативни решенија за својот дом.
Во серијалот „Заминување од мрежата“ (Going off grid), што, всушност, е термин за домови кои не се приклучени на централните мрежи како водовод, канализација, електрификација или гас, новинарката Лора Линг вели дека околу 180.000 Американци годишно се одлучуваат да живеат целосно исклучени од нашиот модерен свет фокусиран на интернет и се задржуваат на едноставен начин на живот. Меѓу нив е и Мајк Басич. Тој ѝ ја раскажува својата сторија на Лора Линг.
– Ми требаа пет години, од кои две и пол години да ја завршат целата работа од камен. Мислам дека пренесов околу 175 тони камен – вели Басич.
Не само што малата куќа е надвор од зацртаните патеки, таа, исто така, е надвор од сите мрежи. Тоа значи дека нема интернет, нема централен водовод, ниту традиционална електрична енергија. За среќа за оние кои сакаат да се измијат, на имотот има два чисти потока кои обезбедуваат вода за дома.
Најдобриот дел за Басич е локацијата. Не само што тој може да вежба на приватните диви патеки, на имотот дури има и свои лифтови за кои Басич сведочи дека ги изградил со помош на пријателите.
– Сакам да мислам на тоа како на враќање кон основите на човештвото. Јас сакам да се чувствувам поврзан со земјата многу повеќе отколку што би можел со 400 квадратни метри куќа во град – вели Басич, кој се занимава и со фотографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)