Бранко Црвенковски и Александар Петрески по сценариото од 1997 година наречено ТАТ Битола создадоа нов ТАТ во Охрид. Општина Охрид функционира како финансиска пирамида – обвини денес Александар Николовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој излезе со податоци за задолженоста на Општина Охрид и јавните претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба:
-Сумата на долговите е тажна, но вистинита и изнесува 1 милијарда 146 милиони 412 илјади и 400 денари или 33 милиони 306 илјади и 500 евра заклучно со 31.12.2012 година за Општината и трите јавни претпријатија.
Тој додава дека за неполни два месеци во 2013 година се направени трошоци од 32 милиони 699 илјади и 290 денари или 536 илјади 053 евра.
-Ова е охридскиот ТАТ, долговите достигнуваат висина на скоро четири вкупни буџети на Општина Охрид. Ова е висината на криминалното работење на Црвенковки и Петрески во Охрид. Преку 2 000 луѓе кои работат во општината и јавните претпријатија се на работ на егзистенцијата поради долговите, а 60 000 граѓани на Охрид ги трпат последиците на ова недомакинско и криминално работење. Би сакал да го реафирмирам јавното работење на новиот градоначалник на Охрид дека ќе направи силни напори во соработка со Владата за излез од Охридскиот ТАТ, односно прекумерниот долг на општината незапаметен во историјата на било која општина во државата и регионот, како и тоа дека, како иден градоначалник нема да отпушта од работа. Простување нема да има. Ова е злодело врз Охрид и како што одговараше Соња за ТАТ, така ќе одговараат и оние кои го сториле ова – додаде пратеникот од Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата