| четврток, 6 декември 2018 |

Три години Театар Комедија, три години заразно смеење (фото)

11067456_853458741366388_3893195144973038373_n

Со настанот „Да ги одмориме даските“ најмладата театарска институција во Македонија, Театар Комедија, го одбележи третиот роденден.

Стотици театарџии славеа во петокот вечерта, меѓу кои министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, Драган Спасов Дац, Сашко Коцев, Коле Ангеловски, Наташа Поплавска, директорката Јелена Жугиќ, Борјан Трифуновски, ансамблот на Театар Комедија…

За настанот имаше само 100 билети по популарна цена од 100 денари, колку што чинеа во март кога се слави Светскиот ден на театарот. И мотото за кампањата за поевтини билети беше „Во март насмевката = 100 денари“, карактеристично за оваа установа чијашто цел е да ја промовира комедијата како жанр. Меѓу другите креативни пораки од овој театар се и:

„Со 15-минутно смеење дневно согорувате до 40 калории“, или:

„Смеењето е заразно! Бидејќи звукот на туѓата смеа активира одреден дел од мозокот кој е невозможно да се контролира“…

За роденденот настапи и Сара Мејс, а беше славен и со други активности овој месец, меѓу кои и циклусот наречен „48 часа со Наташа Поплавска“ по повод 20-годишна професионална дејност на режисерката Поплавска. Оттаму организираа и крводарителска акција во соработка со Црвен крст, како и средби со најмладите, преку воспоставената соработка со ОУ „Кочо Рацин“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top