Над 70 жени од Германија заминаа во Сирија и во Ирак да се борат на страната на екстремистичките групи, изјави шефот на Федералната служба за заштита на Уставот, Ханс-Георг Масен.
– Повеќе од 40 проценти од тие жени се помлади од 25 години, а девет се малолетни, посочи Масен.
Тој посочи дека на интернет има упатство како жените да ја напуштат Германија и да стигнат до зоната на конфликтот. Масен истакна дека и на интернет има и романтични описи за животот во зоните на конфликт.
Според податоци на германската разузнавачка служба околу 650 луѓе од Германија заминале да се борат на страната на исламистичките групи во Сирија и во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.