| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен екологист тврди „Пестицидот на Монсанто е безбеден, но не сакам да го пијам“ (Видео)

Интернетот „полуде“ по видеото од интервјуто во кое Патрик Мур бомбастично најави дека би испил еден литар од контроверзниот пестицид на Монтесанто, за потоа кога францускиот новинар му понуди една чаша, тој веднаш да одбие. Всушност насловите во информациите со ова видео беа пренесени со наслов „Погледнете како лобист на Монтесанто тврди дека пестицидот е безбеден за пиење, а потоа одбива да го испие“. Сепак, тоа што е ново во приказната е дека- Патрик Мур не е лобист на Монтесанто.

-Доктор Патрик Мур не е и никогаш не бил платен лобист на Монтесанто- соопти Карла Лорд, портпарол на Монтесанто. Сепак тој стои во одбрана на пестицидот Раундуп за француската телевизија, што се смета за спектакуларно, особено откако минатата недела Светската здравствена организација го класифицираше Глифосфат, главната состојка на Раундуп, како „возможно канцероген“. Но, тоа не го прави лобист, заклучуваат западните медиуми.

patrick-mooreПатрик Мур е интересен лик за медиумите, особено што е познат како поранешен чен на Гринпис и доктор на науки по екологија со необична историја.

Мур изјави дека глифосфатот, активна супстанца на пестицидот „Раундап“ на „Монсанто“ не е одговорен за пораст на случаите на канцер во Аргенитина.
-Можете да испиете еден литар и ништо нема да ви штети, истакна Мур, за потоа да одбие да се напие, изјавувајќи дека „не е глуп“. Мур повторуваше дека пестицидот не е опасен за луѓето, истакнувајќи оти некои луѓе се обиделе да се самоубијат со пестицидот „Раундап“, но оти не успеале. Тој го напушти студиото, а новинарот го нарече „кретен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top