| четврток, 6 декември 2018 |

Агенти на ДЕА учествувале во оргии со проститутки платени од нарко босови

sex11_368220S1Агенти на американската агенција за борба против наркотици ДЕА учествувале во оргии организирани од нарко картели, пишува во извештајот на американското министерство за правда. Проститутките кои им давале сексуални услуги биле платени од оние против кого требало да се борат агентите и чие дејствување требало да го сузбијат.

Кога се соочиле со обвиненијата, агентите го негирале сознанието дека проститутките ги плаќале наркобосовите, но министерството упорно тврди дека „доказите се несоборливи и покажуваат дека агентите морале да бидат свесни за тоа кој е организатор на секс забавите во кои учествувале“.

Агентите освен проститутки, од нарко босовите добивале и пари, разни подароци и оружје. ДОдека агентите „воделе љубов“ припадниците на картелите имале пристап до нивните средства за работа – лаптоповите, мобилните и останатите уреди. Ова значи дека им биле достапни сите „тајни инфорамции од акцијата, истрагата и слично“…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top