Неизмерно задоволството гледајќи ве во толкав број дојдени да ни ја изразите поддршката за проектите кои ви го олеснуваат животот кои ви ја трасираат вашата подобра иднина и сигурна и грижлива старост. Не е случајна оваа поддршка за премиерот на владата на ВМРО ДПМНЕ со коалициските партнери, истакна на народниот собир на ВМРО ДПМНЕ во Штип, Никола Мицевски.
Оваа поддршка не е случајна, бидејќи народот не ги заборавил минатоте власти заради нивните празни ветувања и прашањата кои не заслужуваа одговор.
– Се сеќавате како им беше на нашите сограѓани штипјани кога се затвораа фабриките Македонка, Алумина , Астибо, Метална, Црвена Ѕвезда и беа оставени на улицата илјадници граѓани од нашиот град и регионот- потсети Мицевски.
ВМРО ДПМНЕ преземјачи ја власта 2006 знаеше дека мора да се преземат брзи и конкретни мерки за Штип и околината, за целиот исток. Со тие чекори да се крене економијата во источниот дел на Македонија.
Може да се пофалиме со безброј проекти- посочи Мицевски. Универзитетот Гоце Делчев, отворен од оваа власт, слави осум години постоење, а зад себе кадри кои произлегоа од него. И најважно ги вративме студентите од источна Македонија да студираат тука во Македонија. На барање на житеклите од населбата Баби почнуваме спортска сала во о.у. Славејко Арсов. Може да се пофалиме и со нов музеј во кој е испишана историјата на Македонија, што е поддршка и на иницијатива за развој на туризмот. Денес го имаме и музејот на ВМРО во славното Ново Село- на што сме посебно горди и благодарни на оваа влада. Во Штип во завршна фаза е и изградбата на центарот за аутизам, на барање на граѓаните од источниот дел на државата. Сувенирницата во центарот на градот Штип е пред отворање. Ова беа само дел од набропените реализирани проекти од Никола Мицевски.
Тој притоа потсети и на проектот за изградба на најмодерна болница во источна Македонија, потоа за започната изградбата на автопатот од Миладиновци до Штип, со што од метрополата до Штип ќе се патува за половина час, што е важно за развој на економијата. Говорејќи за сосема новите патни решенија за поврзување на Штип, Мицевски ги набропја и патиштата Штип- Кочани, Штип- Радовиш, патот до Пробиштип. Мицевски го спомена и решавањето на водоснабдувањето за Штип, решение за кое вели дека е за следните 100 години.
Од говорницата на крајот на неговиот говор, испрекинувам неколку пати со овации од многубројната публика присутна на народниот партиски собир, Никола Мицевски упати и порака до премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ- Никола Груевски- дека „Штипјани се со Вас, затоа што многу направивте за Штип и за источниот дел на Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)