| четврток, 6 декември 2018 |

Нигерија: Изборите продолжуваат и денеска заради вооружените напади

10101Претседателските избори во Нигерија продолжуваат и денеска, поради вооружените напади врз десетина избирачки места во земјата, како и поради техничките проблеми со новите лични карти, соопштија нигерските власти.

Претставник на Изборната комисија соопшти дека во изборните единци каде нападите го прекинаа гласањето или го одложија неговиот почеток или пак воопшто не дозволија да се почне со гласањето ќе се гласа во текот на денешниот ден.

Станува збор за гласање во 300 од вкупно 150 илјади избирачки места.
– Во изборните единици каде гласањето е целосно завршено веќе се почна со броењето на гласовите, изјави претставникот на Изборната комисија.

voters-nigeria_1Проблемите настанаа вчера, само неколку часови по почетокот на гласањето кога од разни локации во земјата се јавуваше дека „вооружени лица“ извршиле напади врз гласачките места. Во овие напади се убиени најмалку 24 лица.

Првично се веруваше дека нападите се дело на исламстичката милитантна група Боко Харам, но се стравува дека нејзините џихадисти не се единствените што пукаа по избирачките места. Неколку денови пред изборите Боко Харам изврши неколку напади на северот од Нигерија, убивајќи други 25 лица.

2015-General-ElectionГлавната изборна битка на овие избори се води меѓу актуелниот претседател Гудлак Џонатан, христијанин од југот на земјата и Мухамаду Бухари, муслиман од северот на Нигерија. Џонатан е кандидат на владејачката Народна демократска партија (ПДП) и се бори за втор мандат, додека Бухари е поранешен шеф на воената хунта, која управуваше со оваа најнаселена африканска земја до 1999 година, а сега лидер на опозицијата.

По падот на хунтата и враќањето на демократијата, со земјата веќе 16 години управува ПДП.

Двајцата кандидати им ветуваа на гласачите дека ќе му стават крај на насилството.

Набљудувачите во Абуџа предвидуваат овие избори да бидат едни од најнеизвесните во политичката историја на земјата, која е независна од 1960 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top