| четврток, 6 декември 2018 |

Српски владика живеел како плејбој и уживал во блуд и разврат

srpski vladika georgijeСинодот на СПЦ испратил тричлена комисија во Канада да ги испита обвинувањата против тамошниот владика Георгија кои години наназад стигнуваат на адреса на Патријаршијата во Белград од српската дијаспора и тамошното свештество кои го обвинуваат владиката за раскалашно и недолично однесување кое не доликува на свештено лице.

Покрај другото владиката се обвинува и за ненаменско трошење на црковни пари.

– Владиката патува по Куба, се вози со јахти, постојано некаде е на пат низ светот и скоро никогаш не е во Епархијата, вели еден од свештениците нза Блиц.

Дополнителен проблем е тоа што епископот не им кажувал на владиците каде престојува, а не давал отчет ниту на патријархот во Белград. Според белградски Блиц, најсериозното обвинување се однесувало за блудните дејствија на епископот. Имало пријави за „сомнителни лица“ кои доаѓале кај владиката, а според информациите на весникот, тој бил посетуван ор разни жени, при што со една од нив имал и дете. На душа му се ставаат и лошиот однос со верниците и свештениците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top