| четврток, 6 декември 2018 |

По 50.000 евра за семејствата на загинатите во авионот на Герман вингс

несрека

Германската авиокомпанија Германвингс им понудила на семејствата на жртвите од несреќата во француските Алпи сума од 50.000 евра надоместок по патник, соопштил портпаролот на компанијата во петокот.

-Оваа сума е одвоена од надоместокот што компанијата најверојатно ќе мора да го плати за несреќата – рекол тој, пренесе Франс прес.

Портпаролот го потврдил пишувањето на германскиот весник „Тагешпигел“, кој ги цитирал зборовите на експертот за воздухопловство Холгер Хопердицелм дека Луфтханза, на која ѝ припаѓа Германвингс, веројатно ќе треба да плати надомест од неколку десетици до неколку стотици илјади евра за секоја жртва на несреќата.

Одговорноста на авиокомпаниите да плаќаат надоместок е утврдена со одлука на конвенцијата во Монтреал во 1999 година, кога било одлучено дека максималниот износ на отштета е 143.000 евра за секоја жртва на несреќата, потсетува Франс прес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top