| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ја обновуви дискусијата за резолуцијата на ОН за израелско-палестинскиот конфликт

UN_security_council_2005Франција ќе ја продолжи дискусијата со своите партнери за усвојување резолуција на Советот за безбедност на ОН, која ќе ја исцрта рамката за преговори во израелско-палестинскиот конфликт, изјави денеска во седиштето на ОН во Њујорк шефот на француската допломатија Лоран Фабиус. Според него, „нема друго решение“ на проблемот.

Париз го одложи усвојувањето на таквата резолуција за да го почека резултатот од парламентарните избори во Израел. На нив победи владеачката партија Ликуд на лидерот Бенјамин Нетанјаху и сега Фабиус дава знак дека Франција ќе се врату на својата идеја, откако во Ерусалим ќе се состави новата израелска Влада. Францускиот министер изјави дека не знае дали САД ќе дадат согласност за резолуцијата.

Претставници на ЕУ, цитирани од американските медиуми, денеска изјавија дека Унијата бара нови начини да го натера Израел да се врати на преговорите со Палестинците за создавање на независна палестинска држава. Според извори од Брисел, ЕУ разгледува нови дипломатски средства и евентуални мерки за разубедување на Европејците да купуваат израелски стоки, произведени во незаконски окупираните територии. Пред израелските избори, премиерот Нетанјаху изјави дека додека тој ја зазема оваа функција нема да има независна палестинска држава, призната од Израел.

Израелските власти денеска соопштија дека на сметките на палестинската автономна власт повторно ќе почнат да ги префрлаат приходите од даноци, кои ги собира во нејзино име. Израел ги запре овие парични трансакции како казнена мерка заради одлуката на палестинската власт да се приклучи кон договорот за Меѓународниот кривичен суд, потсетуваат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top