-Се надевам дека со наша и поддршка на партнерите, до крајот на годинава Црна Гора ќе биде во НАТО. Тоа е исклучително важно за регионот, бидејќи мирот на Балканот ќе дојде кога сите ќе бидеме во ЕУ и НАТО – изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на прес-конференција по средбата со црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ.
Борисов изрази увереност дека Црна Гора е подготвена за тоа членство и треба да добие поддршка.
Тој истакна дека за време на денешните разговори биле разгледани прашања од заеднички интерес, меѓу кои во областа на културата, туризмот, енергетиката и инфраструктурата.
Ѓукановиќ, кој се наоѓа во официјална посета на Софија, му се заблагодари на својот домаќин за поканата и за пријателските и охрабрувачки зборови кон неговата земја.
Црногорскиот премиер изрази увереност дека на регионот му е потребна стабилност, преку која полесно ќе се постигне економски и демократски развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.