Патниците во авионот „ербас А320“ што во вторникот се урна на Алпите сфатиле дека ќе загинат дури во последните неколку минути пред удирањето во планината, изјави францускиот обвинител, повикувајќи се на снимката од последните 10 минути од црната кутија.
И покрај тоа што големиот авион нагло почнал да понира кон земјата додека капетанот се обидувал да се врати во кабината, се чини дека патниците биле сосема несвесни за опасноста во која се наоѓаат.
Францускиот обвинител Брис Робен рече дека жртвите сфатиле дека ќе умрат дури во неколкуте последни ужасни моменти пред ударот, кога на снимката се слушаат нивните вресоци.
– На снимката буквално ги слушате вресоците само во последните моменти и ништо друго – рече Робен.
Пилотите смеат привремено да ја напуштат кабината во одредени периоди, како, на пример, додека авионот е во фаза на крстосување, според германските авијациски закони.
Вратата на пилотската кабина може да се отвори и однадвор, со шифра, според правилата воведени по нападите на 9/11 во САД, но шифрата може да биде попречена од внатрешноста на кабината. Извршниот директор на „Луфтханза“ рекол дека во случајов или капетанот погрешно ја внел шифрата или копилотот однатре ја попречил.
Инаку, во падот на авионот загинаа 72 Германци. Според официјален Мадрид, во авионот имало 50 Шпанци. Меѓу другите патници имало тројца Американци, Мароканец и државјани на Велика Британија, Аргентина, Австралија, Белгија, Колумбија, Данска, Израел, Јапонија, Мексико, Иран и од Холандија.
Не постојат основи за сомневање дека Лубиц вршел терористички напад, но надлежните велат дека и „самоубиство“ е погрешен збор за да се опише постапката на човек што убил толку многу луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)