Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, којашто реализира субвенционирани летови од македонските аеродроми, информира дека ги ревидирала кабинските постапки и оти воведува нова постапка со која се осигурува дека во иднина пилотската кабина никогаш нема да биде управувана само од едно лице.
– Доколку еден од пилотите ја напушти пилотската кабина тој или таа ќе бидат заменети од страна на друг член од екипажот – изјави портпаролот на „Виз ер“ Даниел Де Карваљо.
Новата постапка веќе е одобрена од Унгарската агенција за цивилна воздушна пловидба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.