Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Приштина изјави дека договорите постигнати во рамките на дијалогот со Белград треба да се применат во пракса.
– Самиот факт дека косовскиот премиер Иса Мустафа има директен контакт со српскиот премиер Александар Вучиќ е позитивен чекор во таа смисла – истакна Могерини на заедничката прес-конференција со Мустафа.
Таа посочи дека и покрај постигнатиот напредок, има уште многу задачи за решавање.
– Примената на договореното е најтешко – наведе Могерини, при тоа додавајќи оти се надева дека дијалогот Белград-Приштина, што се води со посредство на ЕУ, ќе продолжи.
Таа истакна и дека очекува косовскиот Парламент да изгласа формирање на Специјален суд за воени злосторства во Косово.
Високата претставничка на ЕУ потенцира дека оваа година ќе биде важна за Косово и оти најверојатно Приштина в лето ќе потпише со ЕУ, Договор за стабилизација и асоцијација.
Мустафа посочи дека Приштина сака „посилно присуство на Косово во ЕУ и посилно присуства на ЕУ во Косово“.
Могерини утре ќе го посети Белград каде е предвидено да се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, со премиерот Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации