| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачевски: И кога ќе станам градоначалник, секогаш ќе бидам достапен за моите пациенти

Секогаш ќе бидам достапен за моите пациенти и еднаш неделно ќе бидам во операционата сала. И по добивањето на градоначалничката функција, како што ветив, ќе останам посветен на професијата. Со моите менаџерски способности и  заедно со мојот тим, општина Охрид ќе ја направиме  една успешна приказна како Институтот за кардиоваскуларни болести, вети Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во секое време од денот, независно дали е празник или не, ќе влезам во операциона сала секогаш кога мојот тим има потреба од мене при изведување тешки и комплексни интервенции. Јас и мојот тим бевме тие што изминатите години во служба на охриѓани и многу други пациенти од други градови од земјава и поширокиот регион не штедевме од нашето слободно време, од викендите, работевме во кој било дел од денот – рече д-р Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top