Прислушување е креација против, а не од Владата – посочија – Безбедносните експерти од регионот, во дебатната емисија Пресинг, на балканската мрежа на СИ ЕН ЕН.
Хравстскиот судски вештак за телекомуникации и експерт за прислушување, Џуро Лабура вели дека од она што излегува во јавност е јасно дека Владата на Груевски е жртва на нелегално прислушување.
Босанскиот универзитетски професор од Бања Лука и долги години експерт за присшушување, Предраг Чераниќ е многу подециден. За него нема дилеми дека во овој проект вмешаност имаат и странски безбедносни служби.
Хравстскиот судски вештак за телекомуникации вели дека покрај инфраструктирниот начин на прислушување постои и мобилен систем, кој најчесто е карактеристија на странските служби.
На овој начин Хравстскиот судски вештак за телекомуникации практично ја потврди и една од тезите за начинот како во Македонија е вршено илегалното прислушување.
Професорот Чераниќ пак потенцира дека секое организирано прислушување има своја цел. Во случајот со Македонија целта е очигледна. Претседателот на центарот за безбедносни политики од Србија, Предраг Петоровиќ, посочувајќи го примерот со илегалното следење на српскиот прмиер, вели дека секој може да стане жртва на прислушување, бидејќи безбедносните служби честопати имаат тенденција на осамостојување од системот и дејствуваат под контрола на други центри.
Екеспертите по безбедност од балканот се децидни дека сите безбедносни служби во регионот, кои практично се наследници на тајните слоужби од поранешниот систем, треба да подлежат на темелна реформа со јасна превентивна цивилна контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)