| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија дел од „Часот на планетата Земја“

цас

На повеќе од 60 локации низ целата земја со едночасовно исклучување на светилките в сабота Македонија ќе се приклучи во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која ќе испрати порака за спас на планетата.

Централниот настан, како што информираше на денешната прес-конференција организаторот на акцијата, Ѓорги Селков, е закажан на улица „Македонија“, Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Музејот на холокаустот, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, мостот „Око“, Мостот на уметноста и плоштадот „Филип Втори“.

– Веднаш по исклучувањето на осветлувањето во 20.30 часот присутните ќе можат да погледнат уникатен флеш моб перформанс со специјални светлечки ефекти, збогатен со осветлување на улица „Македонија“ со свеќи во форма на 60+, кој е заштитен знак на планетата Земја – истакна Селков.

Во акцијата ќе се приклучат и скопските општини Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров. Во Охрид во мрак ќе останат Самоиловата тврдина, црквата „Канео“ и споменикот на свети Кирил и Методиј, а поддршка на акцијата најавиле и Прилеп, Кавадарци, Ресен, Струмица, Битола,…

– Главна порака на акцијата е „Употреби ја својата моќ и промени ги климатските промени“ – истакна Селков повикувајќи ги граѓани да ја покажат својата моќ и да ги исклучат светилките „Македонијо, вклучи се во акцијата и исклучи ги светилките“.

Организатори на акцијата се Град Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Националниот координатор за климатски промени во Министерството за животна средина и просторно планирање Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска побара од граѓаните да ја поддржат волонтерската акција и да испратиме порака дека само со апртнерство меѓу владите, невладиниот сектор, бизнис заедницата и секој граѓанин е можно справувањето со климатските промени.

– Ние како претставници на Министеството за животна средина ќе бидеме тука и в сабота во 20:30 часот преку сопствениот пример да покажеме дека единствено со акција и реакција на сите нас заедно можеме да се справиме со климатскте промени – рече Обрадовиќ – Грнчаровска.

Црвениот крст, според претставникот Владимир Вукелиќ, преку своите општински организации со околу 1.700 млади волонтери преку различни активности да дадат сопствен пример за заедницата.

Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, меѓу кои Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, Атанас и Тино,…

Годинашната кампања се одвива под мотото „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“. Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20:30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top