Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ, се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство.
– Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности во согласност со Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство. Напомнуваме дека, како и по сите други кривични пријави и настани без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети – соопштуваат од Основното јавно обвинителство – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.