| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапиран штипјанец – мислеле дека е крадец и го малтретирале

Полициската станица во Кратово поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Пробиштип, Н.Л.(21) и М.Б.(24), двајцата од Кратово, за противправно лишување од слобода.

На 23 февруари, пријавените со патничко возило „волво“ сопственост на таткото на Н.Л., отишле во Штип, при што во возилото качиле 26-годишен штипјанец, со намера да заминат во Кочани.

Наместо во Кочани, пријавените го однеле во сала за вежбање во Кратово и противправно го држеле од 16.00 до 22.00 часот присилувајќи го да гледа снимки од безбедносна камера за извршена тешка кражба во трговски дуќан за која пријавените сметале дека ја извршило лицето, кое противправно го лишиле од слобода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top