Две илјади кавадарчани од неколку улици во градот се без вода за пиење од околу 9 часот утрово поради голем дефект на главната водоводна линија фи-200 на улица „Видое Смилевски”.
Се очекува дефектот да биде отстранет до околу 14 часот.
– Интензивно работиме на терен за отстранување на дефектот. Без вода се жители од улиците „Видое Смилевски“, „Орце Николов“, „Ѓорѓи Соколов“, „Блажо Алексов“ и булеварот „Македонија“, информираше Марјан Крстевски, одговорно лице техничар во работната единица за водовод и канализација при јавното водостопанско претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.
Крстевски информира дека од 9 часот без вода за пиење се и жители од улиците „25 Мај” и „Ѓуро Ѓаковиќ“ поради приклучок на нова водоводна линија. Се очекува приклучувањето на новата линиjа да заврши до околу 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


