Какво е ова „силување“ со умисла на изборната волја на граѓаните и на мнозинството во парламентарниот состав што ни се случува пред нашите очи? – прашува професорката Татјана Каракамишева.
Таа реагира на, како што вели, дрското девалвирање на здравиот разум, на демократската процедура и практика.
Какво е ова извртување на сѐ што е нормално во ненормални форми и креации? – вели Каракамишева и додава:
„Како опозициските сонувачи си замислуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во свесна и трезвена состојба да стиснат зелено копче за некоја си техничка или преодна влада без нивната партија кога пред само една година граѓаните во РМ, со огромна разлика во гласовите, кажаа кој сакаат да ги води, во чија политика веруваат, кои се политичарите што ги поддржуваат да бидат власт во оваа земја, а кои не ги поддржуваат?“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тања Каракамишева: Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
-
Каракамишева: Волку да не те сака народ како што не го сакаат Заев, а него буквално да не го боли уво заради тоа може да се смета за сериозна патолошка болест
-
Каракамишева: Овој Договор е најгеноцидниот документ за Македонците во поновата историја
-
Каракамишева: Не е време за пеење, ниту има причина за радување!